Сакав браунис и сакав тирамису, се мислев кој рецепт да го направам и си реков, а зашто да не браунис тирамису. Одличен спој на две превкусни рецепти.

Браунис кора

Сите суви состојки ги мешаме, освен инстант кафето. Потоа ги додаваме течностите, освен млаката вода. Водата и кафето ги раствараме и ги додаваме кон смесата со постојано матење со жица за матење или со миксер на слаба јачина. Кафето се додава во тенок низ, за да се лади истовремено. Ќе добиете течна смеса. На правоаголно тавче за печење со димензии 35 х 27 см., се премачкува тенок слој путер и се разлева смесата. Се пече на 180 степени, 20 мин. Потоа се исклучува рерната и се остава уште 5 мин. Се вади од рерна и се превртува кората, така што горната страна ќе дојде доле. Се остава да се олади.
Изладената кора се премачкува со мармалад од сливи со арома на рум.

Тирамису фил
Се подготвува пудинг смеса, но малце погуста. Се загрева млеко и се додава растворен густин. Се меша додека да се згусне и се остава убаво да се излади.
Путерот се мати со шеќер во прав, додека да се добие убава пена. Кон смесата се додава павлака со висок процент на масленост или цеден десерт- павлака за торти. Одкако убаво ќе се спојат смесите се додава и стопеното чоколадо во тенок слој, со постојано матење. На крај се додава и јако црно кафе (2 лажици инстант велвет кафе во 70 мл вода). На крај лажица по лажица се додава изладениот пудинг.

Смесата се премачкува врз браунис кора. Убаво се распределува и се посипува со просејано какао.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови