Мекани мафини, полнети со ванила крем потсетуваат на еклери. Ммммммм...
Во сад за матење се мати путерот со шеќерот 3-4 минути.
Се додава павлаката, ванилата и се мати повторно. Се додаваат белките во 2 наврати и се мати со максимална брзина. Сувите состојки се мешаат и половина се додаваат во садот, па се додаваат млекото со водата па останатите суви состојки.
Во калап за мафини се редат хартиени корпички и се полнат со смесата, но не целосно.
Се печат во загреана рерна на 170степени околу 15-17мин .

Во меѓувреме се приготвува филот.
Жолчките се матат со малку млеко, густинот и шеќерот. Остатокот од млекото се става на оган да зоврие. Се додаваат жолчките и се вари густ крем. Се трга на страна и се додава путерот и ванилата. Испечените мафини со помош на алатка се вдлабнуваат и се полнат со ванила кремот.

Ганаш
Се става слатката павлака на оган да се загрее. Чоколадото го сецкаме ситно и го додаваме во слатката павлака и медот. Мешаме додека не се растопи чоколадото. Мафините се украсуваат со изладениот ганаш.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови