Најпрво путерот се става во миксер заедно со путерот од кикиритки, да се хомогенизира смесата.
Се додаваат и мелените бисквити и мелените ореви. Од оваа смеса се замесува тесто од кое подоцна ќе се прават бомбиците.
Се остава во фрижидер 20 мин. Откако се извади смесата од фрижидерот се образуваат бомбици, секоја се натопува во глзаура од топено чоколадо. По желба и во ореви или како сте замислиле, сакам да напоменам дека рецептот дозволува посна варијанта, доколу путерот се замени со маргарин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови