Во подлабок сад се ставаат млекото и шеќерот да зовријат додека се стопи шеќерот. Потоа се додава и маргаринот и тој да се растопи, но да не зоврие.
Се трга на страна и се додаваат какаото кокосот и бисквитите и се меша убаво.
Смесата се остава преку ноќ во ладилник и наредниот ден се формираат бомбици и се валкаат во кокос.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови