Ох колку убаво чоколадно задоволство!
Бомбициве ви ги препорачувам со попладневното кафе. Повелете рецепт кој ќе ве воодушеви со својот вкус и едноставност.

Подготовка
Слатката павлака заедно со шеќерот во прав ја загреваме до вриење (да не почне да врие). Ја тргаме на страна и во неа ги ставаме коцките од чоколадо па мешаме додека да се растопат.
Кикириките ги потпекуваме ги ладиме, па дел ги сечкаме дел ги мелеме. Ги ставаме во чоколадната смеса, го додаваме и румот. Промешуваме и оставаме смесата да се лади до оној момент кога може веќе да се формираат бомбици. Ги валкаме во какао во прав.

Забелешка
Од оваа доза излегуваат околу 20 бомбици.
Може кикириките да ги насечкате во блендер, на покрупни парченца, како што го сторив јас.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани