1. Слатката павлака се става во касерола и се додаваат ванилата и солта, се става на оган да се растопат кристалите сол и ванила (не треба да зоврие).
2. Касеролата се тргнува од оган, се додаваат путерот и чоколадото на парченца.
3. Се остава 1-2 минути да се растопат чоколадото и путерот потоа се промешува за да се соединат состојките.
4. Во смесата се додаваат брусницата, фстаците и кората од портокал, се промешува да се соедини.
5. Смесата за тартуфите се остава да се олади и да се стегни целосно.
6. Со мала лажичка се зема од смесата и се прават топчиња и се валкаат во шеќер во прав.
Од дозата се добиваат 10ина бонбони.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови