1. Слатката павлака се става на оган да се загрее и и се додава чоколадото, се остава 1-2 минути да се растопи и се промешува да се соедини.
2. Во слатката павлака се додава путерот и се промешува да се растопи.
3. Смесата се остава да се олади и да се згусти малку.
4. Во сад се ставаат бисквитите, бадемите и исечканите кандирани цреши и им се додава чоколадната смеса.
5. Се замесува смесата за бомбиците.
6. Се прават бомбиците, чоколадото се растопува и врвот на стапчињата се потопува во чоколадото и потоа се поставува во средината на бомбицата.
7. Така направени бомбиците се оставаат да стегнат.
8. Во чоколадото се додава маслото и се става во тесна чаша за да е поудобно чоколадирањето на бомбиците.
9. Откако ќе се потопат во чоколадото внимателно се истресуваат од дополнителното чоколадо.
10. Бомбиците се декорираат по желба.
- За еленчиња се потребни переци од кои што се прават роговите, бело и темно чоколадо за очите и црвени чоколадни бонбони за носињата.
- Од смесата се добиваат 10ина бонбони.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови