Еве еден лесен, едноставен за подготовка, а превкусен сос болоњезе подготвен со мои комбинирања на состојки, на мој начин. Ние имавме превкусна вечера, која што вам топло ви ја препорачувам!
1. Најнапред сварете ги тестенините (изберете ги вашите омилени) на вообичаениот начин.
2. Прелијте ги со врело масло.
3. Кромидот и печурките исечкајте ги и ставете ги во тава на оган со средна јачина.
4. Додадете им масло, сол и црн пипер по вкус.
5. Пржете ги десетина минути додека да омекнат.
6. Мешавината за ќофте добро измешајте ја со 150 мл. млака вода.
7. Во тавата со кромидот и печурките додадете го меленото месо а врз месото мешаниот сув зачин и по желба уште малку црн пипер.
8. Пропржете 5 минути.
9. Потоа врз меленото месо додадете ја разредената мешавина за ќофте.
10. Убаво измешајте ги сите состојки во тавата, да се соединат.
11. Оставете да се крчка некои 10 минутки или повеќе, кога месото ќе ја изгуби сосема црвената боја.
12. 400 мл. од вода измешајте со сувиот сос од домати.
13. Ставете ја таа мешавина во помал сад на оган и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие, мешајте додека да згусне.
14. Тргнете го садот на страна и додадете му ја доматата.
15. Измешајте убаво, и така подготвениот сос додадете го во тавата со месото.
16. Измешајте ги сите состојки да се соединат и додадете уште 50 мл. од млаката вода.
17. На крај, додадете ги кечапот и ориганото, промешајте и оставете да се крчка на тивок оган уште петнаесетина минути, додека сосот да добие убава густина. Ако пак, го сакате сосот поредок додадете му вода според потребата.
18. Послужете со претходно подготвените тестенини. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови