1. 5 дена порано се ставаат 600-700 мл. вода на оган, се додаваат солта и шеќерот, за да се растопат и се тргнува од оган да се олади целосно.
2. За тоа време месото се премачкува со дополнителната сол и шеќер.
3. Во оладената саламура се става месото и се остава во фрижидер.
4. Месото се превртува 2-3 пати на ден, секој ден.
5. На 5 ден се ставаат останатите зачини и се става на тивок оган, температурата треба да биди оптимално 72 степени.
6. Кога шунката е готова се вади од водата, се завиткува во крпа и се остава за 1-2 часа во фрижидер.
7 . Сенфот, презлата, жолчката и шеќерот се промешуваат убаво и со смесата се премачкува шунката одозгора.
8. Во месото се забодуваат неколку каранфилчиња и шунката се става во загреана рерна на 250 степени за 7-10 минути.
- Дозите се за килограм месо, а исто така и варењето е за килограм месо (треба да се вари по 1 час за секој килограм), печењето не зависи од килограмите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови