Кори
- Белките сематат со шеќерот, се додаваат потоа и жолчките(една по една). Се додава маслото за јадење. Се исклучува миксерот и се додава брашното и презлата и какаото и се соединува смесата со дрвена лажица. Се печат 3 вакви кори во тавче бр.26

Бел фил
- Брашното се раствора со малку млеко и се вари крем во преостанатото зовриено млеко со шеќерот. Се додава чоколадото да се растопи во врелиот фил. Се остава да се излади кремот, се додава матениот путер со шеќерот во прав. Во него се додава брусницата и кршеното чоколадо.

Црн фил
Водата(или млекото) со шеќерот и чоколадото се топат на огин.Се трга од огин, се додаваат мелените печени кикиритки и се остава да се излади. Потоа се соединува со претходно матениот маргарин со шеќерот во прав.

Филување
Кора, црн фил, кора, бел фил, кора и црн фил. Декорација по желба

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани