1. Двете кори се подготвуваат на следниов ист начин, само што во едната се додава какао.
2. Одделете ги белките и жолчките.
3. Белките се матат со шеќерот, додека тој не се истопи.
4. Се додаваат жолчките постепено, ако е можно една по една.
5. Се мати убаво, да се добие пенеста жолта смеса.
6. Во едната додајте 3 лажици какао.
7. Се печат во обложена со пек хартија тава бр. 28, 10 до 15 минути, на 180 степени, во загреана рерна.
8. Кога се печени се оставаат да се изладат.
9. Одделете 100 мл. од млекото и во него убаво растворете ги пудинзите, да не останат грутчиња.
10. Останатото млеко ставете го во сад на оган заедно со шеќерите да зоврие.
11. Додајте ги растворените пудинзи и сварете густ крем мешајќи.
12. Оставете го малку да се излади (20 до 30 мин.), не смее да се излади многу.
13. Додајте го претходно омекнатиот путер и изматете со миксер.
14. Поделете го кремот на два дела. Во едниот додадете го млечното чоколадо, кое треба да е на собна температура, за полесно да се слее со кремот во кој што се додава. Во вториот дел додајте го кокосот.
15. Поединечно измешајте ги двата фила убаво, може и со миксер.
16. Слатката павлака поделете ја во два различни садови (во секој по 200 мл.) и изматете ја цврсто.
17. Додадете ги двата дела павлака во двата дела крем.
18. Изматете ги со миксер и убаво изедначете.
19. Двете кори поделете ги на два дела по хоризонтала.
20. Треба да се добијат 4 кори.
21. Тортата се филува така што корите се редат една над друга – темна кора – крем со кокос, бела кора – крем со чоколадо и така додека не се потроши се.
22. Секоја кора попрскајте ја со газирана вода или сок пред да ја филувате, така тортата ќе биде посочна. Оставете ја неколку часа да се стегне пред послужување
22. Декорацијата е според желбите и можностите. Во секој случај, тортата е превкусна – вистински деликатес! Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови