Овој празничен Божиќен колач го немам спремано неколку години, иако предходно често се наоѓаше на Божиќната трпеза. Бидејќи овој колач е мрсен, затоа се спрема за Божиќ, а не за Бадник.

1. Смоквите и урмите исецкајте ги на ситни коцки. Јас користев бадеми овојпат и ги исецкав на крупни парчиња во Делимано Кларити Про.
2. Се матат 3 белки со 100 гр шеќер во густо шне. На крај од матењето се додава 1 жолчка, другите две ќе служат за премачкување на колачот.
3. Се мешаат јајцата заедно со сувото овошје и бадемите и се додава кората од портокал. Ќе добиете убава густа смеса, која лесно се обликува.
Смесата се дели на 3 ролати или во мојот случај ја поделив на две смеси и го распределив во калап за печење леб, одложен со хартија за печење.
Одозгора се премачкуваат со жолчка.
4. Се пече на 150 степени, околу 1час. Треба на тивко да се суши колачот и јајцата пополека термички да се обработат.
5. Печениот колач се остава убаво да се излади и потоа се декорира. За декорација користев бела чоколадна маса за декорирање и марципан во боја.

-----------------------------------------------------------------------------
Јас не сум јас ако не го променам основниот рецепт. Кон горенапишаниот основен рецепт внесов промена при оваа подготовка. Експериментирав со рецептот, бидејќи многупати го имам подготвувано, па можев да си дозволам отстапки.
Ставив 125 гр суво грозје и 125гр брусница. Сувите овошја ги потопив во 1 чашка рум и стоеа околу 15-20 мин. Исто така додадов и пола лажичка мускатво оревче и пола лажичка цимет. Сетоа ова дополнително го украси колачот и даде побогат вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови