Сварете ги јајцата и извадете ги од вода да се сушат.

Во пластичниот сад ставете 1 полна лажица ориз со долго зрно, па на врв на лажиче прехрамбена боја и една тапа од килско шише за киселина, киселина. Измешајте да се обои оризот, па ставете го топлото јајце во него и затворете го капачето. Нежно од сите страни клачкајте го. Пожелно е садот да е проѕирен за да се има полесен преглед до кој степен сакаме да е јајцето испрскано со боја. Потоа се вади, се турка случајно налепениот ориз и веќе е суво.

* Колку помек пластичен сад ќе најдите, толку полесно ќе можи да го клачкате јајцето, бидејќи во спротивно на поенергични удари можи да се скрши. Во овој случај јас користев 200 гр кутивче од кикиритки путер и бев внимателна )))

* интензитетот на обоеноста зависи од влажноста, т.е. киселината и времето на протресување. Овде се користеа бои во прав, но ако имате течни тогаш директно нанесете само од нив.
Со тек на време, доколку се засуши оризот, повторно додадете малку киселина за боење на следното јајце.

* Можи да искомбинирате и 2, па можеби и 3 бои, така што откако ќе завршите во едниот сад, да го пренесите во сад со друга боја.

* И за крај да ве потсетам, Алекса Арс има повпечатлив начин на боење јајца со ориз, а овој плус е и малку помрзлив )))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани