Благодарение на Делимано, оваа година за прв пат решив да ги направам јајцата обоени на пареа и многу сум задоволна од ефектот кој го постигнав како за прв пат. За жал не памтам имиња и наслови, па така го заборавив и садот како се вика. Барав на страната и го има само во пакет/сет наречен стоун експерт. Претпоставувам дека можеби и лонецот на Стоун леџенд ќе можи да ја збрка работата со решетката, но чинам дека ова е многу подобро.

Сварените и оладени јајца се редат на решеткастата подлога и се навлажнуваат со киселината. Потоа одозгора се истура од боите на мали купчиња. Киселината служи за да ја задржи бојата и потоа ефектно да ја раствори со пареата. Распоредот на боите правете го сами, така што ќе користите повеќе светли а помалку темни. Капакот се затвора и се остава така да варат на пареа околу 10 минути.

Овде е добро што капакот беше проѕирен па имав увид како оди шарањето, но и да не е, капакот се крева дупи после 10 минути и ако случајно не сте задоволни од ефектот или сакате да придотерате и прибоите некое, само повторете ја постапката, но овој пат со многу киселина и бидете брзи бидејќи киселината од топлото брзо се суши. Затоа и јајцата првично е потребно да се оладени.

Кога ќе завршите со боењето, јајцата се вадат и се одмиваат во тенок млаз ладна вода за да се отстрани вишокот на бојата која не се дорастворила од купчето.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови