Сувите лушпи од кромидот издробете или искинете ги ситно. Газата или хулахопките исечете ги на парчиња со големина за едно јајце.

Навлажнете го јајцето и на него залепете од парчињата кромид па врзете го. Откако ќе го врзите повторно со раката распоредете ги лушпите за поубав распоред. Ставете ги да се сварат.

Сварените јајца одложете ги врз хартиена салфетка за подобро да им се впие водата, па потоа макајте ги во боите предхосно припремени спрема упатството. Можи да макате само во една боја или во 2-3. Од самите лушпи на кромидот јајцата си добиваат боја и шари.

Кога ќе сте задоволни од нијансата на боја извадете го јајцето, исечете ја хулахопката или газата и со раце или под тенок млаз ладна вода отстранете ги лушпите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови