Измиената тиквичка ја лупиме и ја рендаме на крупната страна на рендето.
Ја посолуваме и оставаме во цедалка.
Нека одстои 15 минути, а за тоа време ги подготвуваме останатите состојки.
Во еден сад ги соединуваме јајцето, биберот, растопениуот путер, зачините кои сме ги одбрале по сопствен вкус, магдоносот, млекото, ренданиот морков, сирењето, брашното и ја додаваме со раце исцедената тиквичка.
Цела смеса убаво ја соединуваме.
Земаме тава бр 26 и ја загреваме на умерен оган. Значи не смее огнот да биде јак.
Кога тавата е загреана ја истураме смесата од садот и малку израмнуваме.
Пржиме неколку минути од едната страна, односно се додека краевите не добијаат убава браон боја.
Внимателно го превртуваме омлетот да се пржи и од другата страна неколку минути.
На едната половина редиме ленти моцарела, по желба ставаме мали ливчиња свеж босилек.
Кога веќе е испржен омлетот, само го преклопуваме и сервираме.
Нежно посипуваме чурек.
На здравје овој летен, брз, вкусен оброк.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани