Пченицата се мие и се става да зоврие.
Штом ќе зоврие се вади од оган и се завиткува убаво, па се остава да набабри.
Бананата се лупи и се става во блендер.
Се додава готовата пченица и оревите.
Додаваме и мед и блендираме.
Намазот е готов.
Ако не ви е благо, по вкус додајте си шеќер во прав или повеќе мед.
За мене е одличен и вака.
Нанесете го врз мекичко сусамово лепче,а по вкус наронете брусница или суво грозје.
На здравје вкусниот и здрав појадок.

Како замена за крем,употребето го намазот за појадок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови