Во загреаното млеко го додаваме маслото, шеќерот, квасецот, ванилата, лимонот, додаваме брашно и замесуваме мазно тесто. Оставаме да стаса околу половина час. Од замесеното тесто оделуваме 5-6 топки и нив ги оставаме да подстасаат петнаесетина минути.
Секоја топка ја расукуваме сечеме на 16 кифлички ставаме на краевите по малку џем од кајсија и мотаме кифлички.
Премачкуваме со жолчка и масло и печеме на 220степени околу петнаесетина минути. Наросуваме со шеќер во прав.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани