Ова е една лесна освежителна торта со меки, бисквитни кори, со фил од лимон крем (линк до рецептот за Крем од лимон), премачкана со крем од ванила.

1. За подготовка на корите најпрво се одделуваат жолчките од белките.
2. Се мати путерот со шеќерот за да стане кремаст, па се додаваат жолчките една по една цело време со матење.
3. Настрана се матат белките со прстофат сол додека да се добие цврст снег.
4. Се мешаат брашното, нишестето и пецивото и се просејуваат. Внимателно се додаваат кон кремот од путер, наизменично со млекото.
5. Се мати за да се добие еднолична смеса.
6. На крај внимателно се вмешува снегот од белки.
7. Смесата се дели на четири еднакви дела и се пече во округли калапи со пресек 20 см околу 20-тина минути на 180Ц (или согласно тоа како пече вашата рерна).
8. Испечените кори се оставаат да постојат 10 мин. а потоа се вадат од калапите на решетка и убаво се ладат.
9. За кремот, прашакот за пудинг се меша со шеќерот и се вари со млекото додека да се згусне. Се додава чоколадата, се меша за да се растопи и се остава убаво да се олади.
10. Во оладениот пудинг се додава изматениот путер и павлаката и убаво се мати со миксер.
11. Оладените кори се премачкуваат со по 2-3 лажици од кремот од лимон и се редат една врз друга во калап или прстен за торти и се остава неколку часа (најубаво преку ноќ) во фрижидер за убаво да се спојат корите со кремот.
12. Утредента се вади тортата од калапот, од страните и одозгора се филува со ванила кремот и се украсува по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани