1. Сите состојки се ставаат во еден сад и се мати со маталките за тесто, за да се соединат.
2. Тестото се домесува со рака.
3. Тестото се дели и се расукува тенко врз хартија за печење.
4. Од хартија се сечат шаблони за ѕидовите и покривот, и се прават отвори за прозорците и вратата.
5. Со шаблоните се сечи тестото, на местото за прозорците се ставаат искршени бонбони.
6. Деловите од куќата се печат на 160 степени 8-10 минути, треба да се внимава да не изгорат бонбоните.
7. Бисквитите се оставаат да се оладат во тавичката за да не се извиткаат.
8. Белката се мати заедно со солта, потоа се додава шеќерот во прав и лимонот.
9. Деловите од куќата треба да се целосно оладени пред да се започни со лепењето.
10. Откако ќе се залепат ѕидовите и покривот се продолжува со декорацијата со меренг, бонбони, бисквити или нешто по ваш избор.
- Во внатрешноста на куќичката може да се стави свеќа на батерии.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови