После неколку неуспешни обиди, со модифицирање на оние рецепти кои ги имав, стигнав до овој, основен рецепт за бел леб во пекач.

Најпрво се ставаат течните состојки, па сувите и се пушта на основен програм, кој на мојот апарат трае 3 часа. Состојките се за 900 гр леб.

Совет - во рецептите што ги имав, пишува да се стави помалку квасец, но така никако не ми се погодуваше лебот. Затоа почнав да ставам повеќе (мерам со лажичка 5 мл од детски сируп и дозирањето секогаш точно се подогува).
Кога е топло времето може да скисне и повеќе од потребно, затоа го надгледувам и доколку скисне побрзо, ја исклучувам програмата и пуштам само на печење.

Се надевам дека рецептов ќе и биде од помош на некоја млада домаќинка како мене =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови