Овој прекрасен бел комисброт го подготвив за дочекот на Нова година.
Но морав да го сечам и да видам што се случило внатре, та толку убаво мириса...
Прекрасната арома доаѓа од папајата и махлепот, не можам да опишам колку убав вкус и арома има. Мирисаше сите денови чудесно, денес го дојадовме и морам да направам нов...
Комисброт правеше мајка ми кога бевме деца, подоцна некако беше подоминантен милибродот.
Сум пробала неколку рецепти, но останувам верна на овој стар рецепт кој е незаменлив. Промената е во додавањето црно чоколадо, мајка ми не става и нормално немаше сува папаја кога бевме деца, туку ореви, суво грозје, локум, желе, тоа е во оригиналниот рецепт.

За успешен комисброт, најважно е белките да се на собна температура и да бидат мерка за шеќерот и брашното. Значи се земаат 3 исти чаши или садови, во првиот се ставаат белките, а во другите, на иста висина, се ставаат брашното и шеќерот. Јас намалив малку од шеќерот, но мерката е таа.

1. Се матат убаво белките, се додава шеќерот, ванилите и лимонот.
Кога се готови белките со шеќерот, се додава и брашното со пецивото помшани, се меша со лажица нежно...
2. Се додаваат 6 раце од наброените состојки, претходно им ставив малку брашно за да не паднат на дното.
Користев силиконски куглоф кој треба да е добро намастен со путер.
3. Смесата се истура во калупот, се протресува нежно за да влезе правилно сегде и се пече, прво на 180, потоа на 150 степени. Времето сами ќе го одредите, јас печев некаде околу 1 час.

Махлепот го купив од Македонија и прв пат го користам овде, не сум знаела дека може таква прекрасна арома да дава.
Колачот се вади од калапот лесно, кога ќе подолади се посипува со шеќер во прав и се сече. Внатре ве чека убавина и слатко задоволство!
Комисброд не е леб, тоа е преубав колач кој треба да се прави често.
Вкусот е магичен, магичен колач, за магични моменти!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани