Над пареа ги растопуваме чоколадото и кокосовато масло.
Тргаме од оган.
Постепено ги додаваме оревите, брусницата, сувото грозје, бисквитите.
Соединуваме со лажица и топлата смеса ја ставаме во мало калапче.
Израмнуваме и оставаме да се стегни.
Потоа сечеме на парчиња и послужуваме.
Јас овде воопшто не користев шеќер. Од самиот состав беше доволно блага.
Може смесата да се става и во мали силиконски калапчиња, да се стегни, па да се послужи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани