Убава лесна торта со кремаст фил и богат вкус на ванила. Подготовката е следна

Јајцата скршете ги и поделете ги белките од жолчките. Со миксер изматете ги белките додека да ја добиете потребната густина. Во садот со жолчките додајте го шеќерот и матете додека да се растопи, Додајте ги во садот и изматените белки, мелените ореви и брашното помешано со пециво. Мене полесно ми е тестото уште додека е течно да го поделам во две тави за печење, но може и целата смеса за пандишпанот да ја истурите во една тава и потоа веќе испеченото тесто да го поделите на два дела
Печете во загреана рерна на 180 степени 20-тина мин.

За подготовка на филот. Во сад на оган ставете 350 мл млеко да се загрее. Додајте го во садот екстрактот од ванила и шеќерот. Од преостанатите јајца поделете ги жолчките од белките. Во останатото ладно млеко размешајте го густинот и четирите жолчки. Размешајте ја смесата убаво да нема грутчиња и полека додавајте ја во зовриеното млеко. Варете го кремот со постојано мешање, додека да ја добие потребната густина. Оставете да се излади.

Во друг сад за матење ставете го путерот. Матете додека да стане пенест. Во садот додајте го и изладениот крем од ванила и жолчки. Матете додека да се соединат состојките и кремот да добие убава кремаста структура. Чоколадото со млечен полнеж исечкајте го на помали парченца и додајте го во филот.
На чинија за торта ставете ја едната кора од пандишпанот. Филувајте со половина од филот и преклопете со втората кора. Премачкајте ја целата торта со преостанатиот фил. Украсете ја горната површината на тортата по желба со растопено чоколадо и листови бадеми. Оставете убаво да се излади пред да ја послужите

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови