1. Рерната се загрева на 200 степени
2. Во длабок сад се мешаат сувите состојки (брашно, шеќер, сол, чоколадни капки, чиа и прашокот за пециво)
3. Во друг сад се мешаат млекото, путерот растопен и изладен и јајцата.
4. Се додаваат на сувата мешавина и се добива густа смеса.
5. Ги додаваме боровинките и промешуваме.
6. Калапите се премачкуваат и полнат 2/3
7. Се пече до заруменување околу 10-15 мин.

Ова може да биде одличен појадок но и хранлива ужинка за во школо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови