Измешајте ги сувите состојки.
Турете го маслото и врелата вода. Измешајте.
Спремете 2 листа хартија за печење со големина на плехот во кој ќе печете.
На едната хартија ставете ја смесата, со рака малку оформете ја и одозгора ставете го другиот лист хартија. Со сукало поминете за да се распостели преку цела хартија. Извадете ја горната хартија, а хартијата на која е смесата префрлете ја на плехот.
Печете на 150 степени 40-45 минути, се додека убаво не заруменат.
Можете пред печењето да поминете со ножот преку тестото и да го пресечете на коцки или откако ќе се испече да го искршите на неправилни форми.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови