Телешкото и свинското месо се сечат на коцки. Се пропржуваат на малку масло, се додава една шолја вода, малку се зачинува, се покрива со капак и се остава да динста. На меленото месо му се додаваат зачините и една мала рендана главичка кромид. Убаво се соединува. Доколку смесата е потечна, слободно додадете и малку презла. Се формираат мали ќофтенца и се пржат во масло. Се тргаат на страна. Во истото маслото се пропжува и кромидот, предходно исечкан и малку лук. Истовремено се додаваат и коцките пилешки стек и печурките. Уште малку се пропржува.

Во соодветна тава наизменично се става од издинстаното месо, ќофтината и пилешкото со печурките. Настрана се вари крем супата со 500 мл.вода и со неа се прелива месото. Се додаваат зачини, се покрива и се става во ререна на 200 степени. Се пече приближно 1,5 час. Се трга капакот и се остава да пече уште половина час.
П.С.Кога ќе ја откриете тавата, значи после 1,5 час во ререна, можете да додадете и една разматена кисела павлака, убаво да промешате и да продолжите со печење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани