1. Слаткото се исецкува на поситни деелови (ако се цели смоквите)
2. Се останато се додава во слаткото и добро се соединува смесата (јас овде направив дупла доза, во едната ставив какао, а во другата не, па излегоа посветли и потемни колачи)
3. Во зависност од густината на слаткото или џемот, може да има потреба да се додадат бисквити)
4. На работна површина ја исплескав смесата со рака со дебелина околу 2 см, малку израмнив со оклагијата и потоа сечев со модла - цвет од смесата за бебешките колачи и ги декорирав со фондан
5. Со претходно подготвен фондан во бела и неколку нијанси на сина боја, декорирав со бебешки елементи (за крштевањето на едно бебенце)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани