* Во подлабок сад се става млаката вода и солта, се меша да се стопи солта, а потоа се додава и маслото.
* Во течноста се ставаат првин 2 чаши просеано брашно, а потоа зависно од брашното, се додава колку што ќе треба за да се добие средно меко нелепливо тесто.
* Тестото се измесува убаво, се дели на 6 топчиња, се зема едно топче, се расплескува во коричка, се премачкува со малку масло, му се става најлонска ќеса или фолија. Останатите топчиња се обработуваат на ист начин и се ставаат врз првото едно врз друго и киснат 15 минути.
* Потоа се зема една коричка, се растегнува малку со раце, се остава на чаршаф и се тегни внимателно на краевите.
* Растегнатата коричка се попрскува со малку масло, се распоредува изварка или дробено сирење и со чаршафот се трга да се добие танко ролатче кое се витка баничка.
* Сите банички се редат во намрсена тава, се премачкуваат со масло и киснат 30 минути.
* Се печат 30-40 минути на 200 степени или додека да поруменат.
* Извадени од рерната се попрскуваат со малку вода.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани