- Во сад измешајте ги сувите состојки - брашното, солта, пецивото и мускатното оревче.
- Во друг сад со жица (не мора миксер) изматете го јајцето со шеќерот и маслото - не мора да се пенесто смати. Додадете ја и пасираната банана. Вака добиената смеса ставете ја кај измешаното брашно и разбркајте да се сето тоа спои.
Полнете ги модлите за мафини во висиа на 2/3 и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу 25 мин.
Доколку сакате можете да ги залиете со чоколадна глазура, да ги послужите со сладолед, ваш избор, а добри се и така без дополнително декорирање
Напомена
- Количина на шеќерот ја намалувам бидејки за мој вкус е повеќе од благо што го сакам јас.
- Можете да намалите количината на брашното, околу 100 гр. остатокот да биде мелен орев, бадем или лешник... уште понежен вкус имаат.
- Кога и да остане една презреана банана вака може да ја искористите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани