Паричката е симбол на среќа, благосостојба и радост. Затоа се верува дека оној кој во своето парче ќе ја најде паричката во текот на престојната 2020 година ќе биде најсреќен. Ете мене ми се падна парето после дооолги години.

-Од горе наведените состојки се замесува меко тесто и се остава 30 минути да стасува. Потоа пак се размесува и се дели на 7 дела (зависи од колку членови брои семејството). Се прават топчиња и во едното топче се става парето кое е завиткано во фолија. Стасува уште 15мин. и се печи на 180С-30мин. При печењето се фрлаат во рерната 3 коцки мраз да се прави пареа, а може и да се стави чинија со малку вода на дното. Кога е печено лепчето се покрива со платнена крпа и се остава да олади.

Порано правевме една погача ја кршевме и ја делевме, но години наназад правиме како пупиња - лајбици. Се делат лепчињата почнувајќи за Господ, за куќата, за постариот член и понатаму до најмладите. Се става паричето во чаша со вино и сите се напиваат од неа и стои чашата со вино пред икона. Потоа го зема паричето среќникот и си ја чува за среќа. Така ме учеле така и правам.
ПС- Јас правам и за Василица мазниче зошто овде во Охрид тогаш вртат мазниче. И ете традицијата продолжува и од двете страни. За многу години празниците!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани