Прекрасната Бадникова погача е украс на Бадниковата посна трпеза. Зависно од тоа за колку луѓе ја спремате оваа погача, толкава е и количината на брашно што треба да се стави. Конкретно оваа количина е за повеќе луѓе и е подготвена за колегијална прослава на Бадник. Јас по дома кога си правам за Божиќна трпеза, ја правам со по 300-350 гр брашно, што значи сите овие состојки на половина.

1. Од сите наведени состојки замесуваме тесто и го оставаме да отстои на топло и да ферментира. Тестото треба да надојде и да се дуплира смесата.
2. Кратко се премесува и се делат топчиња, за колку што треба. Секое топче се премесува 2 пати. Јас конкретно поделив на 21 топче.
*На сликата подолу има погача и со 15 топчиња, да видите како изгледа редењето.
Во едно од нив ја ставив паричката, замотана во алуминиумска фолија.
*Кога си правам за дома си ставам турски алтан-златник, кој нема потреба да се замотува во фолија, бидејќи е златен.
3. Топчињата се редат во круг. Јас ги редев во округла тава Делимано Стоне Леџенд. Во таа тава рамномерно ми се пече лебот, не се лепи и добива прекрасна крцкава кора.
4. Погачата се остава да кисне уште 20-30 мин, зависно колку ви е топла собата. Откако ќе одкисне, се премачкува со смесата од масло, вода и сол, со помош на четка. Се наросува со повеќе сусам и се редат одозгора мали коцки маргарин. Се става во ладна рерна и тогаш се вклучува на 200 степени. Во периодот на загревање на рерната, погачата дополнително ќе нарасне и ќе стане уште повоздушеста.
5. Се пече на 200 степени, околу 15 мин, а потоа уште 10тина мин на 180 степени. Се зависи од рерна до рерна!
6. Печената погача се вади од тава, се префрла во чиста крпа и се остава малце да се излади.

Се послужува за Бадникова вечер или како што беше во овој случај за колегијална прослава на Бадник.

Среќни Божиќни празници!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови