Шербет
Шеќерот и водата се варат. Да врие шербетот околу 5 мин. На крај се додава кората од лимон. Се остава да се лади шербетот додека се испече баклавата. 

1. Мелените ореви, мелените бисквити и иситнетата таан алва се мешаат заедно во еден сад
2. Маслото за јадење и стопениот маргарин се мешаат
3. Корите се редат една врз друга по 4. Секоја од нив се попрскува со растопениот маргарин и зејтин. На 4-тата кора, на самата ивица на кората се става од филот со алва, бисквити и ореви и се витка ролатче.
- мене ми излегоа 6 ролатчиња (сите составени од по 4 листа-кори)
4. Откако ќе се наредат ролатчињата во тавата, се сечат на мали парчиња и врз нив се полева остатокот од мешавината на масло за јадење и маргарин
5. Се пече речиси 1 час (прво на 200 степениоколу 10минути, па потоа намалена на 180 степени уште околу 15 мин. а потоа намалена рерната на 140 степени се пече уште околу 30 мин.)
6. Изладената баклава се полева со изладениот шербет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани