Ова е една неодолива комбинација на чоколадна бисквитна бадем смеса со марципан. Ова е вистински погодок за сите љубители на ситни колачиња со бадем и марципан.
Овие прекрасни бомбици исто така се подготвени за Католички Божиќ и се вистинско уживање за сите сетила.

1. Водата, шеќерот и путерот ставете ги на оган да се растопат и спојат и тргнете ја смесата од оган.
2. Додадете го чоколадото да се растопи.
3. Ставете ги мелените бискивити и бадеми и убаво измешајте, за да се спои смесата.
4. Обликувајте мали топчиња марципан. Ако сакате домашно да го подготвите марципанот, веќе имам објавено рецепт 
5. Отприлика земете иста количина и од бисквитната смеса и околу топчето марципан, замотајте со неа и убаво обликувајте во бомбица.
6. Околу 100 гр бадеми исецкајте ги на ситни делови и бомбиците валкајте ги во бадеми.
Можете да ги направите чоколадни, со мелени бадеми или пак по ваш избор декорација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови