- Пиперките исчистени од семето, лупениот домат, морковот и јаболките лупени и исчистени се мелат на машина за месо на ситната решекта или пак процесор. Се ставаат во тенџере и да вријат околу 1 час но не на многу силен оган.
- По изминатото време се додава кон смесата смелениот лут пипер исто така исчистен од семето, ситно сецканиот лук, маслото, шеќерот, солта и оцетот, да врие колку да се спојат сите состојки и шеќерот и солта да се стопи. Ова е поретка смеса, се собира врело, се затвара со капачките и натаму знаете... Превртете ги со капачката надолу теглите, замотајте и нека стојат до нивно оладување. Доколку сакате можете и да ги стерилизирате, ваш избор.
Напомена
Оваа Аџика можете да си ја направите и без лут пипер, ја користам како додаток кон јадењата манџи, како салса за тестенините, а најчесто при спремањето на болоњезето.
Многу е цела доза за помало семејство, затоа ви препорачувам од половина состојки, соберете во помали тегли...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани