Посебно вкусна салата, одлично мезе за љубителите на состојките кои ги содржи токму оваа салата.

1. Модриот патлиџан измијте го убаво, избришете го, но лушпата не лупете ја. Исечете го на коцки и попрскајте ги со лимонов сок.
2. Сега ставете масло во нелеплива тава и штом се загрее на среден оган, почнете со пржење и посолете малку со хималајска сол.
3. Ставете го лукот во гранули и пржете со почесто мешање додека да поруменат коцките модар патлиџан. Оставете ги во чинија на салфетка да се впие маслото и да се изладат убаво.
4. Замрзнатиот пилешки стек исечете го на ситни коцки, но додека е уште смрзнат и да може да се сечка, значи да не биде сосема одмрзнат.
5. Пилешките коцкички испржете ги убаво во тавчето во кое се пржеше патлиџанот и пред крај на пржењето ставете го сусамот да се запржи и тој малку, па потоа убаво изладете ги.
6. Во сад за салата ставете ја ајсберг салатата или пак младата зелена зелка исечкана на поголеми кришки. Ставете хималајска сол и лимонов сок по вкус и измешајте. Масло не мора да се става бидејќи пржените коцки патлиџан и пилешки стек содржат доволно.
7. На крај врз салатата ставете ги коцките патлиџан и пилешкото, малку магдонос некое ливче свежо нане, благо помешајте но нека останат горе повеќе од коцките патлиџан и стек.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани