Навистина освежително и ароматично смути.

Кога се работи за смути/смуди кај нас нема некоја филозофија во подготовка. Ги ставаме сите намирници во чашка и блендираме. Најчесто се случува да го разредиме бидејќи некои го сакаат погусто некои поретко, ама секој пат вкусовите се одлични. Си одбирате овошје по желба и уживате.

Подготовка
Сите состојки ги ставаме во чашката од Нутрибулет или друг блендер што си го имате и блендираме. Вода доставаме по потреба, зависи колку ќе излезе густо смутито. Декорираме со парчиња праски и листови нане.

Забелешка
Користев замрзнат ѓумбир, така го имам постојано на лагер. Медот или некој друг засладувач го ставате по потреба или по желба. Ако ви е слатко овошјето па и немате потреба од додаток. Јас ставам затоа што децава сакаат да им биде поблаго.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани