Едноставна, брза подготовка на ова мошне вкусно лепче кое е одлично како прилог.

Во аван се толчи лукчето со солцата, додека стане кремасто.
Се додава маргаринот и убаво се изедначува смесата.
Лепчето се засекува на парчиња, но не до долу.
Се премачкува лепчето од сите страни со намазот.
Се завиткува убаво во фолија.
Се става во претходно загреана рерна на 200 степени на кратко, некои 10 мин..
Толку.... :)
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани