Фино, миризливо и вкусно штрудличе за убавите посни денови со освежително полнење од црвено овошје.
1. Најпрво се подготвува филот.
2. Овошјето го ставаме во сад на тивок оган и го оставаме да се пушти, да одмрзне.
3. Потоа го додаваме шеќерот и ванилите, промешуваме и оставаме овошјето да зоврие. Шеќер додадете според вашиот вкус.
4. Потоа го тргаме од оган, го додаваме просеан густинот и брзо мешаме за да ни се соедини целата смеса и да стане густа.
5. Со тоа филот е готов и го оставаме да се излади до полнењето.
6. Сите суви состојки за тесто се мешаат со лажица.
7. Се додаваат и изренданите кори од лимон и портокал.
8. Пак промешуваме и постепено ги додаваме двете измешани води и маслото додека замесуваме тесто.
9. Тестото треба да биде средно меко. Кога ќе се формира, би требало неколку пати да се изудира од работната површина.
10. Готовото тесто се остава на топло да се дуплира.
11. Потоа се премесува и уште еднаш се остава да се дуплира.
12. После ова се добива многу меко, убавко, одлично за работа, еластично тесто.
13. Седели на два дела и се расукува на набрашнета работна површина со сакана ширина и дебелина (во зависност од тавчето за печење кое што ќе се користи) и се филува со филот кој претходно ќе се подели на два дела, за да има подеднакво за двата дела од тестото.
14. Нанесете од филот врз расуканата кора и двата краја малку завиткајте ги за да не ви излегува филот од ролатот.
15. Потоа полека, внимателно заролајте ја штрудлата и ставете ја во тава за печење обложена со пек хартија.
16. Штрудлите се оставаат да отстојат петнаесеттина минутки пред печење, што доведува до впивање на филот во тестото и ја прави штрудлата уште помека и повкусна за јадење.
17. Се пече на 180 степени (рерната нека не биде многу силно загреана, вклучете ја на 180 степени и нека работи 5 минути пред да ја ставите штрудлата) околу 20 минути. Јас ја печев вака, а вие според вашата рерна.
18. Кога ќе порумени убаво извадете ја штрудлата и премачкајте ја со 1 лажица маргарин.
19. Исклучете ја рерната и вратете ја штрудлата да се допече, да го впие маргаринот.
20. Кога ќе ја извадите, оставете малку да се излади па наросете ја со шеќер во прав (секоја штрудла со по 50 гр.).
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови