Ароматичен сос чија густина си ја подготвувате по желба и вкус. Одличен за пица, брускети, тестенини како и за помфрит, се разбира ако го направите погуст. Исто така е совршен и за во различни чорби и супи.

Подготовка
1. Измијте ги па излупете ги доматите и исечкајте ги заедно со пиперките. Ставете ги во тенџерето во кое ќе ги варите.
2. Додадете го излупениот кромид и лукчињата како и лутите пиперки. Варете околу 1 час.
3. Потоа испасирајте ја целата смеса со рачен блендер. Повторно вратете на рингла или ќумбе, додадете ги солта, босилокот, оцетот и маслиновото масло, па продолжете со варење до посакуваната густина.
4. Додека е жежок сосот наполнете ги стерилизираните и суви тегли. Затворете ги со капаци, наредете ги една до друга покријте ги и оставете да се изладат.
5. Отако се изладиле, капаците се повлекле навнатре, значи спремни се за одложување во ладна просторија, каде што ја сместуваме зимницата.

Забелешка
Лутите пиперки се опција за тие што сакаат лут сос.
Доматите ако ви се цврсти може да ги попарите со врела вода, па да ги излупите. Моите беа зрели ама и цврсти,  не ги попарував и лесно се лупеа.
Инаку може и да не ги лупите, само да ги исечкате, кога ќе се сварат секако убаво се блендираат и не се чувствува толку лушпата. Тоа зависи и од доматите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани