Време на пости, па еве од мене една идеја за посен десерт со праски.

Најпрвин праските расечете ги на половина и извадете им ги семките.
Во длабок сад наредете ги праските со расечениот дел надолу и додајте го румот.
Количината на румот е од прилика.
Треба праските барем до половина да бидат потопени во румот.
Покријте го садот со најлонска фолија и оставете да отстојат околу 1 час (може и помалку, ако праските се меки и убаво созреани побрзо ќе примаат од румот).

Подготовка на крем

Урмите излупете ги и отстранете ги семките.
Потоа изблендирајте ги.

Додајте ги лешниците кои покрупно ке ги поминете во кујнски сецко.
Ако сакате по желба може и убаво да ги сомелете.

Додајте го рогачот и јаворовиот сируп.
Измешајте убаво и оставете кремот да отстои малку во фрижидер за да се спојат вкусовите.

На чинија за послужување ставете половинка праска и врз неа од кремот.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани