Во млака вода ставете го сувото грозје да отстои 15 мин.
Омекнантото грозје исцедете го на хартија и ставете го во една чинија.
Се мати путерот со шеќерот и потоа додајте ги јајцата едно по едно. Додадете го брашното и мешајте со лажица или шпатула. На крај додадете го и сувото грозје и добро мешајте додека не се соедини целата смеса.
Сместа истурете ја во калап 11 х 25 и ставате го да се пече во претходно загрена рерна на 180 С првите 10 мин, намалете ја температурата на 160 С и печете 50мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови