Помина точно една година од мојот последен јубилеј, па редно беше да го прославам 200ти рецепт испратен на овој прекрасен сајт. Во последно време не бев доволно активна, многу се извинувам, ми заостанале многу многу рецепти кои сакам да ги споделам со вас. Оваа прекрасна торта е комбинација од совршената ангелска торта надополнета со прекрасен ванила крем и сето тоа прелиено со чоколадна глазура.
Тава бр 24/26 ја обложуваме со мрсна хартија. Ја вклучуваме рерната на 180степени.
Белките ги матиме пенасто заедно со шеќерот.
Откако ќе се добие цврст снег додаваме неколку капки лимон, ванилата, прстофат сол и брашното, мешајки нежно со дрвена лажица додека не се соедини смесата. Ја ставаме смесата во обложеното тавче и го ставаме во рерна.
Печеме околу 30мин или додека не добие златна боја.
Тавата ја вадиме од рерна и ја превртуваме наопаку за да не спласне и оставаме убаво да се излади.

Во меѓувреме го правиме кремот. На оган ставаме 400мл млеко да се загрева. На страна 4 жолчки матиме со 100мл млеко, густиноти  шеќерот. Го додаваме во загреаното млеко и вариме густ крем. Го тргаме настрана и ја додаваме ванилата путерот .Изладеното тесто го сечеме на половиме и го ставаме изладениот крем.
Чоколадото го топиме на пареа заедно со млекото и ја премачкуваме тортата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови