Многу лесна и вкусна торта...
Се матат посебно 3 теста со по 4 белки и 4 супени лажци шеќер.
Во првото тесто се додава 100 гр кокос, 2 супени лажици брашно и малку пециво.
Во второто тесто се додава 100 гр сецкани урми, 2 супени лаж.брашно, 1 супена лажица пченкарно брашно и малку пециво
Во третото тесто се додава 100 гр сецкани ореви 2 лаж брашно,1 супена лажица пченкарно брашно и малку пециво.
Се печат трите теста на тавче претходно обложено со хартија за печење и потоа се ладат (тавче бр 26)

За фил
Се одзема 100 мл од млекото и во него се матат пудинзите и густинот
Посебно се матат жолчките со 5 супени лажици шеќер.
Во преостанатото млеко се додаваат 10 супени лажици шеќер и се става да зоврие во зовриеното млеко. Се додаваат пудинзите и жолчките и се вари густ фил, се трга на страна и се додава чоколадото да се стопи и се остава да се излади.
Маргаринот и путерот се матат заедно и потоа се додава изладениот фил. Се мати настрана и 100 мл слатка павлака и се додава и таа во филот.
Се филуваат корите прво се става тестото со ореви, па со кокос и на крај со урмите.
Се остава преку нок да се стегне убаво и наредниот ден се декорира по желба. Јас ја премачкав прво со слатка павлака и потоа со парчиња чоколадо ја декорирав.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови