Направете 3 кори од по 5 белки, 10 лажици шеќер во прав, 5 лажици ореви и 2 лажици брашно. Измешајте ги брашното и оревите и внимателно додадете ги во матените белки. Се пече на 180 степени околу 25 минути, секоја кора. Кога ќе се испечат, покријте ги корите со крпа додека го подготвувате кремот.

Крем 7 жолчки се мешаат со 10 лажици шеќер и 9 лажици брашно и се вари кремот во 1 литар млеко. Изматете 8 жолчки со 250 гр шеќер во прав. Посебно изматете 250 гр маргарин, па измешајте го со матените жолчки и сето тоа изедначете го оладениот крем.

1/3 од филот извадете и на тоа додадете 150 гр ореви попарени со млеко (потребно е само малку млеко ). Во преостанатите 2/3 од филот додадете 200 гр топено чоколадо,во преостанатиот фил додадете 200гр.кокос.

Редослед кора, црн фил,слатка павлак, кора, бел фил со кокос, слатка павлака,кора,слатка павлака, фил со ореви,слатка павлака.
Јас ја правев во голем плех од шпорет дупла доза.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани