Путерот треба да биде добро омекнат исклучиво на собна температура.
Ставете го во еден длабок сад и изматете го добро со миксер. Матете со висока (не највисока) брзина на миксерот, 15-20 минути додека путерот да побели и стане убаво кремаст. Додадете го шеќерот во прав на два пати и убаво изматете. На крај додадете млекото и аромата и изматете повторно да се спојат состојките.
По желба можете кремот да го обоите со прехрамбени бои.
Пред да декорирате оставете го кремот 5 минути во фрижидер малку да се стегне, по пригоден е така за декорирање.
Трајноста му е 3 дена доколку го чувате во фрижидер, во добро затворена кутија.

Напомена
За да ви биде успешен кремот најважно е путерот да е омекнат доволно добро и тоа на собна температура.
Доколку се случи кремот да е редок, додадете шеќер во прав додека ја добиете потребната густина.
Доколку се случи кремот да ви е премногу цврст, додадете млеко, но внимателно додавајте лажичка по лажичка додека ја добиете потребната кремавост/густина.

Оваа количина на крем ми беше доволна да декорирам 12 мафини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани