Лепчето потопете го во топла вода и го оставете го да се потопи убаво.
Исцедете го од водата и додадете го во месото.
Зачининете.
Пиперката, доматот, кромидот, лукот, се ставете во сецко и сецкјте на ситно.
Додавам во месото.
Додадете и јајца и месете убаво.
Ако ви е леплива смесата додадете 1-2 лажици брашно или пак презла.
Во тавата каде ќе ги печете ставете хартија за печење.
Формирајте топчиња и редете ги. Не мора раздалечени бидеји не нараснуваат.
Рерната нека е загреана, а потоа намалете ја нека си се печат на тивко.
Не им треба многу печење.
Ќе пробате отприлика 25 минути.

Забелешка
*Ова можете да го подготвите и со друг вид на месо.
*Да нема забуна, имаат светла боја од јајцето, а и не ги оставив да поруменат повеќе.
*Ставете 2 јајца, јас во рецептов ставив повеќе за да го замаскирам месото. Децата не го сакаат.
*Можете да ги правите во вид на ќебапи, јас ги направив топчиња.
*Можете да ги подготвите и на скара,тогаш ќе имаат друг шмек и друга боја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови