Овој рецепт за риба погача го имам од многу одамна. Ја имам правено за родендени на ќерка ми кога беше мала. Еве сега се сетив и сакам овој рецепт да го споделам со вас.

Брашното го просејуваме и го ставаме во сад за месење. Правиме кратер, ги додаваме потребните состојки за тестото, без маргаринот,него ке го користиме за премачкување на кората, и со млекото замесуваме средно тесто. Кога тестото убаво е измесено расукуваме кора и ја премачкуваме со маргарин. Ја преклопуваме како што е прикажано на сликата. Ги премачкуваме свитканите страни со маргарин. Ги преклопуваме и другите две страни од кората, премачкуваме со маргарин.
Го преклопуваме тестото во правоаголна форма како на сликата и го оставаме тестото во фрижидер да стои 20 минути, потоа ја повторуваме постапката со тестото на истиот начин како првиот пат и пак оставаме во фрижидер.
Во меѓувреме го припремаме филот. Го сецкаме кромидот и го запржуваме малку колку да порумени, го додаваме месото и пржиме десетина минути. Додаваме зачини. Јајцата ги вариме и ги сецкаме на ситни парчиња. Ги додаваме во месото и промешуваме. Расукуваме кора во форма на круг колку што можеме ја сечеме како што е прикажано на сликите, филуваме. Преклопуваме почнувајки од кај главата на рибата парче по парче едната па другата страна. Ја премачкуваме погачата со жолчка изматена со малку зејтин. Со маслинките и правиме очи на рибата, украсуваме малку по желба со ким и црвен пипер или ваша идеја. Оставаме малку да стаса тестото. Печеме на 200, па намалуваме на 180 степени околу 30 минути. Ја покриваме рибата кога ни е испечена малку да се задуши, да омекне и да се излади. Сечеме на парчиња и навала на јадење. Оваа погача е многу вкусна и кој сака нека ја испроба,верувам дека нема да згреши. Добар апетит.

Лиценца: Сите права се задржани