Мора да кажам дека ова е многу убав спој на вкусови и мене ме изненади колку е добро. Малку пикантен вкус, надополнет со освежителниот вкус на маскарпонето и крем сирењето...едноставно брзо, интересно, необично и вредно за проба

Најпрво ги мешаме бисквитите со истопениот путер и ги ставаме во калап за торти - 20цм убаво ги распоредуваме и ги ставаме во фрижидер да стегнат.

Ги матиме крем сирењето и шеќерот со миксер и постепено ги додаваме маскарпонето, слатката павлака, растопеното чоколадо и чилито по вкус. Се убаво матиме и истураме врз основата од бисквити и ставаме во фрижидер да стегни и убаво да излади 2-3 часа.

Откако ќе излади врз тортата нанесуваме глазура и декорираме по желба

Јас затоа што имав екстра време (хехе) правев неколку помали тортички и најпрво го ставав филот во калапот, а потоа врз него и основата од бисквити - како што може да се види на една од сликите - ги мотав со најлонска фолија и ги ставав во замрзнувач да стегнат за да полесно ги извадам и потоа ги преливав со чоколадна глазура за торти и декорирав по желба.
Јас користев спекулос бисквити бидејќи ми се омилени, а и совршено се вклопуваат во оваа „зачинета„ комбинација. Вие може да користите какви сакате, но тогаш внимавајте со путерот, бидејќи спекулос се малку посуви, затоа и ставив толку путер, но тоа нормално варира.
Исто така може да го изоставите и чилито доколку мислите дека тој вкус не ви одговара и да додадете некој екстракт по свој вкус.
Епа на здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови