Зеленчукот насецкајте го на коцки.
На масло прво пропржете го кромидот и црвениот кромид. Па додадете го морковот и целерот и уште малку пропржете. Сега додадете го месото и пропржете малку да омекне. Додадете го останатиот зеленчук освен бамјата и доматите. На ова додадете малку вода и нека се прокрчка на тивок огин. Сега додадете ги доматите и бамјата, долијте со уште малку вода и оставете 15тина минути да прокрчка. Убаво зачинете и исипете се во земјена тава, покрите со фолија и печете 30 мин. на 200 степени. Извадете ја фолијата и допечете уште 15тина мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани